Кодот на Да Винчи – книга која вреди да се прочита

24 април, 05:21

Многумина од вас сигурно го прочитале овој неверојатно возбудлив трилер кој може да се препорача, но никако не може да се раскаже.

Едноставно мора да посегнете по страниците на оваа книга и да станете дел од потрагата по Светиот Грал, да се обидете да го пронајдете кодот скриен во сликите на Да Винчи, да бидете дел од откривањето на мистеријата која долго и внимателно се чувала во тајност.

 

„Кодот на Да Винчи” е обемна книга, но се чита во еден здив. Едноставно ве понесува и не можете да ја оставите сè додека не ги разрешите загатките и не дознаете што е всушност Светиот Грал.

На моменти ќе ве замисли, ќе се запрашате која е вистината, од каде му е храброста на писателот да се коси со она на што нè учи црквата. Ќе уживате во дел од загатките, па можеби и ќе ги побарате сликите на Да Винчи и долго ќе ги проучувате, барајќи ги во нив тајните за кои се зборува во книгата, токму онака како што јас правев додека ја читав оваа неверојатна приказна.

Оние кои ја прочитале, сигурно повторно ќе ги отворат нејзините страници и одново ќе уживаат во потрагата по Гралот (јас сигурно ќе го направам тоа).

„Кодот на Да Винчи” е вистински избор за љубителите на пишаниот збор, особено за оние со авантуристички дух и желба за истражување.

Истоимениот филм е уште еден начин да станете дел од потрагата по Гралот, но она што го содржи книгата на Ден Браун е многу малку пренесено во филмот.

Побарајте го ова извонредно дело и станете дел од мистеријата, кодовите и загатките кои Темпларите толку грижливо ги чувале.
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3224 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус