Животен стил, Живеј квалитетно

Љубовна порака – најубавиот подарок за Денот на вљубените

12 февруари, 00:29

Колку и да сте креативни при изборот на подароци за саканата личност, ниеден подарок нема да биде поубав од неколку искрени зборови, особено ако сами ги смислите и ставите на парче хартија.

За оние на кои креативноста не им е јака страна, подготвивме неколку слатки љубовни пораки. Запишете ги или пратете ги во порака и измамете насмевка на лицето на вашата љубов.

Среќен ден на вљубените!

Ни кога морето ќе завладее со копното, ни кога во пустината ќе падне снег, ни кога сред ноќ ќе излезе сонце, ни тогаш нема да престанам да те сакам!

Погледни го часовникот и сè ќе ти биде јасно, никој не праќа пораки толку касно. Тоа го прави само оној кој од срце сака, те молам добро размисли зошто ти пишувам вака...

Синоќа добив порака од небото. Бог се жалеше дека му побегнал најубавиот ангел. Не грижи се сакана моја, не му кажав каде си!

Што да ти шепнам, што да ти пишам, толку те сакам што не можам да дишам!

Само ти знаеш што ми треба, твојата топла насмевка и љубов до небо. Единствено ти можеш тоа да ми го дадеш, затоа те сакам, само да си знаеш!

Се молам ништо да не го изгасне сјајот во твоите очи и никогаш да не бидам причина за твојата тага. Те сакам!

Понекогаш толку многу ми шеташ по мислите, што се прашувам како не те болат нозете. Те сакам мој мал анѓелу!

Некои во срцето чуваат среќа, други пак делче од сон, некои парче минато и спомени на некое далечно време, а во моето срце јас те чувам само тебе!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 30621 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус