Животен стил, Живеј квалитетно

Која храна не се јаде пред секс

16 јуни, 07:54

Верувале или не, некои видови храна треба да се избегнуваат пред интимните моменти со партнерот, бидејќи го оптоваруваат организмот, предизвикуваат чувство на летаргија, се чувствувате поспани и без енергија, па и желбата за интимен однос е помала.

 

 

 

Што не треба да јадете пред секс?

Црвено месо
Доколку сте на романтична вечера и ноќта планирате да ја поминете со партнерот, избегнувајте го црвеното месо. Ова месо е потешко за варење и предизвикува поспаност, што секако не сакате да ви се случи кога планирате романтична ноќ.

Сирење
Јакиот мирис на сирењето долго останува во устата, па доколку не сакате цела ноќ да мирисате на сирење, не јадете го пред романтичната ноќ со партнерот.

Брокула
Одлична е за здравјето, но никако не се совпаѓа со интимните моменти. Исто како и карфиолот, брокулата е потешка за варење и предизвикува гасови.

Вештачки засладувачи
Ако ви се јаде нешто благо, дозволете си чоколадо или торта, но никако не вештачки засладувачи. Предизвикуваат подуеност во стомакот, па за време на интимните моменти ќе чувствувате голема тежина.

Гума за џвакање
Гумите за џвакање не се храна, сепак често ги користиме за да го освежиме здивот. Но, повеќето од нив содржат вештачки засладувачи за кои веќе објаснивме дека не се добри за стомакот, а поради големото количество на воздух кое го вдишуваме додека џвакаме, предизвикуваат и гасови. Шолја зелен чај е одличен начин да го освежите здивот и да се ослободите од лошите бактерии кои предизвикуваат непријатен здив.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2874 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус