Макало – против настинки и за подобрување на апетитот

26 декември, 00:32

 

 

 

 

 

 

Состојки:

  • 100 гр мелени ореви
  • 2 главици толчен лук
  • сол по желба
  • малку масло
  • 500 мл топла вода

Подготовка:

За да го подготвите овој вкусен додаток за јадење во подлабок сад за сосови ставете ги мелените ореви и толчениот лук, потоа потопете ги со топлата вода. Откако убаво ќе промешате додадете сол и масло.

Се користи како додаток за чорби, но и за ориз, а може и да макате со лебче.

Вкусно и брзо апетитче!!!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2923 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

5 Мај

5 Мај
Во 1988 година, во Англија, во северниот дел на Лондон, е родена мега популарната пејачка Адел, која за многу кратко време стекна светска слава и се вивна помеѓу популарните музички ѕвезди. 
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус