Штангли од кикири и лешници

19 април, 04:16

Состојки:

150 гр. рендано чоколадо
150 гр. мелени бисквити
150 гр. мелени кикири
150 гр. мелени лешници
150 гр. мелени ореви
150 гр. маргарин
150 гр. шеќер во прав

 

Подготовка:

Маргаринот пенесто се мати со шеќерот, се додаваат другите состојки и смесата убаво се меси. По потреба додадете малку топло млеко, или вода за посната варијанта.

Од смесата, со модли направете форми по желба, чоколадирајте ги и украсете ги.


Совет: Подготовката на визитарски колачи секогаш дава слобода за комбинирање на состојките. Секој рецепт може да го прилагодите на сопствените потреби, да употребите повеќе бисквити, а помалку ореви или лешници и не мора строго да се придржувате до количината на состојките.
Важно е да добиете смеса од која лесно ќе се прават форми.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3774 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус