Чорба од карфиол

17 април, 05:44

Состојки:

1/2 кг. карфиол
зачини
малку млеко
шолја јогурт
1 јајце

 

 

Подготовка:

Карфиолот, иситнет на парчиња, се вари во вода во која додаваме неколку лажици млеко.
Кога ќе омекне, карфиолот се пасира со миксер и се враќа во водата во која се вареше.

Додаваме ловоров лист, сол, мешан сув зеленчук  и мелен црн бибер по вкус.

Мало лажиче брашно се запржува со малку масло, па се додава во чорбата. Вариме уште 15 минути и ја оставаме чорбата малку да се излади.
Потоа, со постојано мешање додаваме смеса од жолчка изматена со шолја јогурт.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5664 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус