Мистерии

Виртуелна прошетка низ дворецот на Дракула

03 октомври, 05:37

Легендата за грофот Дракула никогаш нема да избледи. Малото гратче Бран во Трансилванија е домот на прекрасниот замок на Дракула, мистично здание кое гордо се издига над гратчето и тивко раскажува...

Токму овде, во овој дел од Романија, се верува дека магнетното поле на Земјата е најјако, па луѓето се надарени со екстра сензорна перцепција.

Легендите за натприродното се дел од романскиот фолклор со векови наназад, а најпозната од сите нив е секако приказната за Влад Цепеш или Влад Дракул, владетел од „Редот на Змејот”, член на династијата Дракул која долго време владеела во Валахија.

Влад Дракул бил заштитник на христијанството. Застанал во одбрана на својот народ од Турците, покажувајќи дека е немилосрден владетел кој своите непријатели ги набивал на кол. На овој начин усмртил десетици илјади заробеници, а според легендата со заби им го пресекувал гркланот.

Самоубиството на неговата прва сопруга го направило суров и немилосрден, токму како познатиот лик на вампирот Дракула од книгите на Брам Стокер.

Дел од животот Дракул поминал токму во замокот Бран кој и денес привлекува многу внимание. Издигнат во карпа, високо над градот, замокот е прекрасна туристичка атракција, нуди величествен поглед и можност да ја погледнете внатрешноста, како и подземните ходници по кои некогаш чекорел Влад Дракул.

Долги години по смртта на Влад Дракул (загинал во битка во 1476), замокот ѝ бил подарен на романската кралица Марија.

Туристите кои го посетуваат се сведоци на предмети и облека токму од нејзиното време, но за жал во замокот нема ни еден предмет кој може да се поврзе со Влад Дракул.

Сепак, легендата сама по себе е доволна за да се почувствува присуството на легендарниот владетел, па доколку ѝ дозволите на фантазијата да ве води, некаде низ многуте соби, во тајните ходници или на врвот од замокот ќе го почувствувате присуството на Влад Дракул, ќе станете дел од неговата моќ, дел од легендата и историјата.

За оние кои уживаат во мистичното, а не можат да отпатуваат во Романија, тука е виртуелната прошетка низ замокот, како и прекрасното видео на надворешноста на ова импозантно здание.

Легендите секогаш ги преувеличуваат вистинските приказни давајќи им посебна нота на мистичност. Но, за да се роди една легенда, секогаш има доволно добра причина, малку мистерија и вистина.

Можеби не бил вампир како оној од филмовите, но Влад Дракул сигурно бил обвиен со мистерија од која се родила бесмртната легенда.
А легендата продолжува...

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 9023 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус