Здравје, Здрави навики

Не ја фарбајте косата за време на бременост и доење

10 ноември, 01:03

Дали фарбањето на косата за време на бременоста и доењето е штетно е прашање кое си го поставува речиси секоја идна мајка. И самите истражувања покажуваат нејасни резултати, дел тврдат дека тоа не влијае врз плодот, а за разлика од нив некои покажуваат дека може да предизвика оштетувања и компликации.

Во однос на ова прашање гинеколозите се држат до ставот дека фарбањето на косата не е дозволиво. Како замена за штетните фарби за коса препорачуваат кана, која поради природниот состав не е опасна за плодот. Особено се забранува било какво фарбање на косата во првите 12 недели од бременоста, кога е најголем ризикот плодот да претрпи оштетувања.


За оние кои и покрај овие сознанија ќе одлучат да се фарбаат добро е да ги почитуваат следните совети:

  • не ја нанесувајте фарбата со раце без ракавици
  • чувањето на бојата на косата нека трае што е можно пократко време
  • фарбајте се во просторија каде има силно проветрување, истото важи и за времето додека ја чувате фарбата на косата;
  • убаво исплакнете го скалпот на влакното.

Но, внимавајте, во текот на бременоста косата се менува, можно е и да не ви одговара старата фарба за коса која сте ја користеле претходно.


Иако за врската меѓу фарбањето на косата и доењето не може да се потврди со сигурност дека е недозволиво, размислете сами и оценете дали треба или не да се фарбате во тој период. Преку скалпот и самото влакно и преку кожата фарбата се впива во организмот и се пренесува преку крвта низ целото тело. Голема е веројатноста истата да навлезе и во млекото со кое го доите вашето дете.

Добриот изглед е секогаш важен, седите влакна кај секого предизвикуваат нервоза, но здравјето на вашето дете е непроценливо.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 9001 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус