Позитива

Вистинска приказна која ќе ве научи многу нешта за бракот

21 февруари, 06:23

Некои животни приказни се вистински бајки, дури и во моментите кога животот носи тешки предизвици.

Бил и Глед ја живееле својата бајка сè додека Глед не се разболела од Алцјхајмерова болест.

Сепак, тешката болест не била причина за завршување на нивната прекрасна животна приказна.

Бил неуморно се грижи за својата принцеза, како што самиот ја нарекува, ѝ посветува многу љубов и внимание, со радост се сеќава на сите моменти кога Глед била тука за него, а сега, кога таа е немоќна, тој е тука за неа.

Тој дури направил и посебен велосипед за да можат заедно да уживаат во природа.

Оваа година Бил и Глед ќе ја прослават својата златна свадба, момент кој со нетрпение го очекуваат.

Нивната приказна е вистински пример за моќта на бракот, за тоа што значи да се биде човек и како треба да се однесуваме кон нашите најблиски, во добро и во лошо.

Се надеваме дека нивната приказна ќе допре до вас и ќе ве научи многу нешта кои ќе ве направат подобри луѓе.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2760 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус