Принт маникир

19 мај, 06:00

Доколку ви се допадна претходниот предлог за маникир, еве уште еден позабавен.

За овој маникир ќе ви биде потребно:

- отпечатени сликички, според големината на вашите нокти;
- лак за нокти (за основата) и безбоен лак за сјај;
- ракија;
- вода.


1. Нанесете ја основата. (Повторно користете пастелни бои, ние денес избравме сина боја.)
2. Исечете ги отпечатените сликички.
3. Потопете го ноктот во ракија.
4. Поставете ја сликичката во средината на ноктот, убаво притиснете и почекајте додека не се исуши. 

Забелешка: Пред да ја отстраните сликичката проверете дали хартијата е исушена. Хартијата треба да биде бела. Доколку ви остане дел од хартијата на ноктот, потопете го во вода и убаво истриете ја.

5. Нанесете безбоен лак за да добиете сјај.

Постапката е прикажана на сликата.

 


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 3112 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус