Природни афродизијаци

17 февруари, 00:03

Ако имате потреба да го зачините вашиот сексуален живот и ако сакате да воведете новитети кои дополнително ќе ве зближат со вашиот љубовен партнер, ви предлагаме да испробате некои од наведените природни афродизијаци.

Уште од минатото е познато дека луѓето многу експериментирале во оваа област и наоѓале разни состојки кои ја зголемуваат сексуалната моќ, некои од тие пронајдоци и ден денес се користат бидејќи се покажале како многу успешни.

Експертите - сексолози имаат објавено листа на природни состојки кои се пријатели на сексуалното либидо и кои во голема мера го подобруваат сексуалниот живот. Наспроти нив има и т.н. обични и не толку испитувани и докажани состојки кои ја имаат истата функција, но кои пак од друга страна се поткрепени на милиони докази од нивни корисници ширум светот.

Во огромниот број на природни афродизијаци најмногу се истакнуваат целерот, пиперката, костените, оревите како состојките кои со нивниот изглед потсетуваат на половите органи, како бананите, бадемите, кикирите и други.
Покрај наведените и веќе докажани, во продолжение следуваат и други природни афродизијаци чија употреба во голема мера го зголемува сексуалниот нагон и го подобрува сексуалниот живот.

ЧОКОЛАДО - се смета како еден од најкласичните и лесно достапни но веќе докажани афродизијаци. Благодарение на состојките кои ги има, чоколадото има моќ да позитивно и релаксирачки да делува на центрите за задоволство во мозокот.

КАВИЈАР - поради зголемениот процент на витамини и изобилството на фосфор, кавијарот се смета дека го зголемува производството на семена течност кај мажите и токму поради оваа карактеристика се смета дека е природен афродизијак.

МИРИСИ - научно е докажано дека се афродизијаци кои можат да го разбудат сечие „заспано” сексуално либидо. Мирисите кои во својот состав содржат ванила се докажале како најделотворни.

ЗАЧИНИ - чили зачинот е најдобриот зачин кој го подобрува сексуалното либидо. И другите лути зачини како него ја подобруваат работата на срцето и го зголемуваат дотокот на крв во половите органи, со што ја зголемуваат сексуалната желба.

БАДЕМИ - богатиот состав на бадемите со фосфор, магнезиум и цинк - минерали кои го поттикнуваат произведувањето на семена течност кај мажите, допринесува ова јаткасто овошје да се најде помеѓу првите десет најпродавани природни афродизијаци. Докажано е дека се многу делотворни поради што во некои земји се нуделе бесплатно по свадби.

ВИНО - ако се консумира во умерени количини тогаш виното го опушта телото и ја зголемува желбата за секс. 
Треба да се внимава со количината која се пие, бидејќи виното исто како и другите алкохолни пијалаци можат да предизвикаат сосема спротивен ефект.

ДОМАТИ - уште се нарекуваат и „јаболка на љубовта” бидејќи во голема мера го стимулираат сексуалниот нагон.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2164 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус