Здравје, Здрави навики

Листа на хранливи производи кои го намалуваат крвниот притисок

19 октомври, 06:24

Срцев удар, болести на срцето, оштетување на бубрезите, мозочен удар...,  ова се само дел од болестите кои медицината ги поврзува со високиот крвен притисок.

Покрај лековите, и храната во голема мера може да го намали високиот крвен притисок, со што се намалува и ризикот од низа сериозни заболувања.

 

 

Храна која го намалува крвниот притисок

Млечни производи
Ниско масно кравјо сирење и млеко
Урда
Ниско масен јогурт

Жито
Леб од цели зрна жито
Ориз
житарици

Свежо овошје (особено банана) и зеленчук без додатоци на сол и шеќер

Масти
Маслиново масло
Масло богато со омега 3 и омега 6
Бадемово масло

Зачини
Зелени зачини: оригано, жалфија, мајчина душица, босилек, магдонос,.
Ким, цимет, јаболкова киселина, лук во прав

Семиња
Семки од тиква и сончоглед (без сол), бадеми, сусам, просо

Други видови храна
компир (печен со лушпа), сок од вишни, темно чоколадо со 70% какао, какао, цвекло.


Грижата за здравјето секогаш треба да биде на прво место. Доколку имате покачен крвен притисок, во својата исхрана задолжително вметнете храна која го намалува, и секако, дознајте кои се другите начини по природен пат да го намалите крвниот притисок.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3156 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус