Што кријат момците?

03 јули, 07:19

Од анкетата која ја спроведе сајтот Modern Man дознаваме интересни тајни за момците. За што се работи, дознајте во продолжение.

Во друштво не разговараат за вас, туку за поранешната партнерка!

Иако девојките многу повеќе озборуваат од момците, ова однесување на партнерот е сепак неприфатливо. Но, добро е што не зборува за неговите односи со сегашната партнерка со своето друштво.

Понекогаш ја користат вашата козметика, но не признаваат!

Момците често сакаат да ја пробаат женската козметика со желба да изгледаат подобро, независно дали станува збор за пудра, антиперспирант, парфем или шампон. Но, што и да земат никогаш не би ви кажале!

Скриваат дека не знаат да направат многу задачи!

Мажот по правило треба да биде добар во извршување на потешките домашни задачи, како што се кревање на товар, поправање на чешмата, менување гума на автомобилот и слични активности, кои голем дел од момците не ги знаат.

Сакаат љубовни филмови, и покрај нивните ставови дека не се романтични!

Иако романтичните сцени лесно ги разнежнуваат девојките, и момците не остануваат имуни. Некогаш се разнежнуваат многу повеќе и од девојките.

Мастурбираат многу често!

Колку и да сакате да го задоволите својот партнер, тој нема да ви покаже колку често има потреба од вас. За да ја сокријат својата желба мастурбираат тајно.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3110 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус