Животен стил, За неа

Тајните на жените

09 јуни, 09:45

Секој од нас има мали тајни кои не сака да ги сподели со никој друг.

Општо познато е дека скоро сите жени се одлични кога станува збор за чување на тајни.
Толку умешно ги чуваат своите тајни и внимаваат да не се издадат, што често наликуваат како да е сѐ во ред и како ништо да не кријат од никого.

Момци, без разлика што со вашата девојка сте блиски како пар, имајте на ум дека исто како и вас и жените имаат свои тајни кои вас никогаш нема да ви бидат откриени.
Со тие мали тајни кои ги кријат од вас не значи дека помалку ве сакаат или дека се помалку вљубени во вас, едноставно има работи кои не треба да ви се кажат.

Со цел да можете малку повеќе да ја разберете женската психологија и да разберете како функционира женскиот мозок, ви откриваме мал дел од женските тајни. 

Прочитајте ги, информирајте се и самите извлечете си одговор на некои ваши неодговорени прашања.

1. За што разговараат кога се во тоалет - додека жените се во тоалет заедно со нивната пријателка за да си ја поправат шминката, за да си стават нов слој сјај на усните, или за да си го поправат деколтето од нивниот вечерен фустан, многу често разговараат за годишната заработка на партнерите, за ресторанот во кој се излезени, за храната што се служи во ресторанот, за некоја многу добра девојка која им го привлекла нивното внимание и за многу други слични вакви работи.
Кога ќе излезат од тоалетот насмеани, расположени и расприкажани, не очекувајте дека и вас ќе ви ги кажат сите тие работи.


2. Симпатичен колега од нејзината канцеларија -  каде и да работат девојките секогаш наоѓаат и имаат по еден посебен колега од нивната канцеларија со кој си разменуваат погледи, на кој со задоволство му варат кафе и со кој се смешкаат за не толку важни работи.
Но не грижете се, бидејќи ваквите колеги не се никаква закана по однос на вашата врска. Тој симпатичен колега
ѝ е само симпатија на вашата девојка и ништо повеќе од тоа.


3. За што разговараат девојките кога се излезени - ако ве интересираат одговорите на прашањата за тоа каде ќе излегува вашата девојка со нејзиното женско друштво, кој сѐ ќе биде со неа, во кој локал ќе одат и слично, очекувајте дека ќе добиете само кратки и минимални одговори.
Погледот кој би го добиле како одговор на и понатаму поставуваните прашања треба да ви биде знак дека сте претерале со прашањата.
Вечерта помината со пријателките е вечер во која девојките се опуштаат и се посветуваат самите на себе, па не очекувајте дека тие драгоцени моменти ќе ги сподели со вас.


4. Буџет за шопинг - никогаш и ниту една жена нема искрено да ви каже колкав е износот на парите кои таа искрено ги троши за шопинг.
Секогаш во нејзината глава има план за тоа што наредно е за купување во нејзината огромна листа, точно знае од каде и какво парче облека или ташна
ѝ треба, ја знае дури и цената. Овој план за шопинг никогаш нема да биде споделен со вас, но наредниот пат кога ќе ви каже дека случајно наишла на голем попуст и поради тоа си ја купила прекрасната зелена ташна, вие ќе знаете дека тоа не е така smiley


5. Број на партнери - и покрај вашето инсистирање да дознаете со кој сѐ вашата девојка била во врска пред да биде со вас, одговор нема да добиете, или ќе добиете невистинит одговор. 
Жените никако не можат да разберат зошто ви е потребно да ја имате таа информација и верувајте дека никогаш како одговор и нема да ја добиете. Некои работи едноставно не треба да ви бидат кажани вас и прифатете го тоа како одговор.


6. Кој е во нивната фантазија додека мастурбираат - ниту една жена нема да ви каже колку често мастурбира. Ако ѝ се испушти да ви го каже тоа како информација, не очекувајте дека ќе ви каже кој е главна ѕвезда во нејзината фантазија. Тој лик може да биде секој, познат актер, пејач, политичар, водител и слично, но вие никогаш нема да дознаете кој е вашиот виртуелен соперник.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1907 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус