Животен стил, Живеј квалитетно

Трансцендентална Медитација

06 декември, 12:14

 

 

 

 

 

 

За живот без стрес, енергија и виталност, интелигенција и креативност и меѓучовечка хармонија почнете да практикувате Трансцендентална Медитација. 

Махариши Махеш Јоги е Основач на Трансценденталната Медитација.
Тој оваа возвишена техника на смирување ја дефинира со зборовите: 


„Техниката на Трансцендентална Медитација претставува единствена технологија способна да го воздигне животот на секој поединец и општество до ниво на достоинство, каде не постојат страдања и проблеми, а совршеното здравје, среќата, успехот  и брзиот напредок  претставуваат природни особености на животот.”


Техниката на Трансцендентална Медитација е едноставна, природна, не напорна постапка која што се вежба од 15 до 20 минути два пати дневно, седејќи удобно со затворени очи. За време на оваа медитација духот ужива во смирена состојба на внатрешна будност и чиста свест, а телото истовремено доживува длабок одмор.

Научните истражувања покажуваат дека оваа природна состојба на релаксирана будност го отстранува длабоко вкоренетиот стрес поефикасно отколку некои други техники, го поттикнува доброто здравје и долговечност и ја зголемува креативноста.
Секое лице независно од возраста, образованието или животното искуство може лесно да научи Трансцендентална Медитација. 
Вежбањето на техниката ТМ не е во спротивност со ниту една вера.  

За што може да ви помогне 20 минутното дневно практикување на ТМ техниката?

  • ја зголемува креативноста
  • ја зголемува ефикасноста на перципирање и помнење
  • го подобрува функционирањето на левата хемисфера, го подобрува вербалното и  аналитичкото мислење
  • го подобрува функционирањето на десната хемисфера, го подобрува синтетичкото и холистичкото мислење
  • ја зголемува интелигенцијата
  • го подобрува когнитивниот развој кај децата
  • придонесува за постигнување на длабока телесна и психолошка релаксација
  • ја зголемува енергијата и виталноста
  • го намалува стресот
  • претставува превентива и олеснување на тешкотиите кај психосоматските болести, како што се висок крвен притисок, несоница, мигрена, зголемена телесна тежина, висок холестерол и слично. 

Академик проф. д-р Николај Николајевич Љубимов кој е директор на Лабораторијата за неврокибернетика на Московскиот институт за истражување на мозокот при Руската академија на медицинските науки, кажува дека се потврдува изјавата на Махариши, кој вели дека за време на ТМ свеста кај луѓето се шири. Резултатите од истражувањето токму ова тврдење го потврдуваат. Имено под влијание медитацијата мозокот пошироко се отвора за прием на информации од нашиот организам и од надворешната средина. ТМ - от е мошне активен процес кој го збогатува оној кој што го вежба со нови творечки можности.

Повеќе од 600 научни истражувања се извршени на преку 220 универзитети и научни установи ширум светот и сите тие ги потврдуваат благодатите од праксата на ТМ техника. Оваа техника е најтемелно истражуваната и најефикасната технологија за развој на целосниот потенцијал на поединецот и општеството.


Сега веќе и ние во Македонија имаме можност подетално да се запознаеме со начинот на изведба на оваа Трансцендентална Медитација, како и подетално да дознаеме за што сѐ може оваа техника да ни помогне.

Во Скопје веќе беше одржан курс за Трансцендентална Медитација, а денес во Битола со почеток во 19 часот, во Хотел Театар, сертифицираниот учител по Трансцендентална Медитација Ана Филиповска ќе одржи воведно предавање со цел да ја запознае пошироката јавност со Трансценденталната Медитација.


Секој кој што е заинтересиран и кој сака да го подобри својот живот во повеќе аспекти, може да го посети ова предавање кое е бесплатно.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5111 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус