Животен стил, Живеј квалитетно

Како да ја разбудите вашата креативност

08 април, 12:07

Креативноста не подразбира вроден талент, уметничка дарба или било каква надареност која ни е дадена од раѓање. Секој човек е креативен на свој начин, но повеќето не се свесни за оваа дарба која ја носат во себе.

За да ја разбудите својата креативност, мора да разберете дека ја поседувате. Креативноста значи создавање, експериментирање, давање живот на она што го правите.

Сите ние сме креатори на најразлични нешта, без оглед дали создаваме нешто убаво за очи, внесуваме свои идеи во старите рецепти за храна, на старите предмети во домот им даваме нов живот...
Секој ден, секој од нас внесува нешто свое во она што го прави и токму во тоа лежи нашата креативност.

Како да ја разбудите вашата креативност?

Во здраво тело – здрав ум
Креативноста е тесно поврзана со здравото тело. Секоја физичка активност е добредојдена за телото, но и умот. Јогата, медитацијата, пешачењето, возењето велосипед..., сите овие нешта ја зголемуваат когнитивната способност, го избиструваат мозокот, а со тоа се зголемува и нашата креативност.

Не чекајте сама да дојде
Понекогаш е потребно да посегнете по креативноста, наместо да чекате спонтано да бидете креативни. Ова е особено важно во моментите кога немате никаква инспирација и имате чувство дека воопшто не сте креативни. Пишувајте, сликајте, цртајте, обидете се на повеќе начини да ја разбудите креативноста, иако имате впечаток дека нема што да будите. Со тек на време, креативноста ќе стане спонтана, иако повремено ќе треба повторно да ја будите.

Соработувајте со другите
Зошто соработката е толку важна? Работата со други луѓе ви отвора можности да научите нови, иновативни методи на работа, да дојдете во допир со нови идеи и да научите многу нешта. Од друга страна, добивате повратна информација за тоа како другите гледаат на вашите идеи, па и во двата случаи добивате на креативност. Запомнете, креативноста ќе се развива само доколку научите вистински да соработувате со колегите, а тоа значи да бидете тимски играч и да знаете да прифатите туѓа критика или сугестија.

Читајте
Многупати досега сме пишувале за тоа колку е важно читањето за зголемување на креативноста. Проверете зошто!

Секоја идеја е важна
Стекнете навика да ги запишувате сите идеи кои ви доаѓаат, без оглед дали се поврзани со работата или нештата од секојдневниот живот. Ако не се запишат, идеите бледнеат, па по неколку дена потполно ќе заборавите на нив. Никогаш не знаете кога некоја ваша идеја ќе се реализира и што сè може да произлезе од неа. Доколку идеите се поврзани со работата, не двоумете се да им ги кажете на колегите или работодавачот. Запомнете, не постојат глупави идеи, секоја нова идеја е добредојдена, а од една навидум безначајна мисла може да се родат многу нови и креативни идеи.


Креативноста е во вас и стрпливо чека да ја повикате. Ваше е само да се потрудите да ја разбудите. А кога еднаш ќе излезе на виделина, може да направи вистински чуда!


 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1961 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус