Трикови за зголемување на продуктивноста

30 април, 01:19

Дали и покрај добро осум часовно спиење и испиена полна шолја кафе на утро се чувствувате поспано и без енергија, немате доволно сила да ги извршите секојдневните работни и домашни активности и сте деконцентрирани?
Не очајувајте затоа што поголемиот број луѓе се соочуваат со слични вакви проблеми и за жал не знаат како да се справат со истите.

Најважно од сѐ - она што треба да почнете да го правите за да ги подобрите и отстраните ваквите проблеми е тоа што треба повеќе време да си посветувате на вас самите, да најдете време за да си ги задоволите вашите желби и интереси, да најдете време да почнете да го правите она што вас ве усреќува и ве прави расположени и позитивни, а како резултат на таквите промени секако дека ќе следува и поголема продуктивност и поголема концентрација при извршувањето на обврските.

Покрај ваквите едноставни работи, постојат и неколку едноставни трикови кои за многу пократко време ќе ги дадат истите резултати - поголема концентрација и поголема продуктивност. 
Триковите се и научно испитувани и докажано е дека се делотворни и многу ефективни.

музика
Музиката е најдобриот пријател на човекот додека тој работи, бидејќи научно е докажано дека ја зголемува концентрацијата, продуктивноста и креативноста. Но не секој вид на музика ги дава истите резултати. Слушањето музиката која е со јачина на звукот од 70 децибели дава најдобри резултати. Токму овие децибели му помагаат на мозокот подобри и побрзо да размислува, пресудува и да донесува одлуки. 
Од утре во вашата канцеларија пуштете си ја вашата омилена музика, внимавајте на јачината на звукот и уживајте во вашата креативност и продуктивност.

средено и чисто работно биро
Научници кои долги години се занимавале со овој проблем дошле до заклучок дека луѓето чие работно биро е средено и чисто се многу, многу попродуктивни и поорганизирани од оние луѓе чие биро е во хаос. 
Научниците потенцираат дека среденото работно биро многу влијае и врз мозокот при што тој станува побистар, а истовремено се намалува и стресот и се зголемува концентрацијата и продуктивноста.

смеењето води до поголема продуктивност
На Универзитетот во Хирошима правени се голем број испитувања во оваа област и научниците дошле до заклучок дека ако пред решавањето на потешки математички задачи кои бараат многу концентрација на испитаниците им се пушти краток смешен видео клип, истите за многу пократко време од дозволеното ќе го решат математичкиот проблем за разлика од оние испитаници на кои пред започнувањето со решавањето на проблемот не им било дозволено да изгледаат смешен видео клип. 
Заклучокот е многу јасен, смеењето, но она вистинското добро, здраво и смеење од срце е вистинскиот клуч кој води до поголема концентрација и продуктивност. Во иднина во корист на работата но и во корист на зачувување на сопственото здравје немојте да се штедите од смеење.

поволна температура
Идеална работна температура за во канцеларија е 24°Ц. Повисоката или пониската температура од оваа влијае врз способноста за извршување на обврските, особено ако работата е поврзана со работење на компјутер. 
Но температурата не влијае само на способноста за извршување на обврските, туку и врз концентрацијата која би била намалена ако во просторијата е премногу ладно или топло и секако врз продуктивноста.

медитација
Повеќе пати во нашите статии имаме пишувано за важноста на медитацијата врз животот, но и овој пат накратко ќе се навратиме на неа. Испитување кое било спроведено во Санта Барбара докажало дека луѓето кои редовно медитираат имаат подобра концентрација, подобра меморија, и се далеку попродуктивни за разлика од оние луѓе кои воопшто не медитираат. 
Техники на медитација има многу, но за најдобри резултати најдобро е на почетокот да почнете со вежбање свесност, односно со вашето внимание да бидете присутни во сѐ што правите. Свесноста е дефинирана како максимална присутност во се што сѐ прави.
На пример кога јадете бидете свесни за вкусот на храната и уживајте во него, кога читате со мислите бидете насочени кон она што го читате, кога возите сконцентрирајте се на возењето. 
Со текот на времето овие навидум не толку лесни навики ќе станат ваше секојдневие кои ќе ви донесат поголема концентрација при самото извршување на одредена активност, а со самото тоа ќе станете многу попродуктивни за разлика од порано.


Ништо не е тешко да се проба ако се сака да се постигни некаков резултат, а сигурна сум дека уште повеќе ќе се залагате ако сакате да постигнете некаков личен напредок. 
Пробајте ги предложените трикови и бидете продуктивни и ефикасни во извршувањето на секојдневните обврски.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1915 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус