Животен стил, Живеј квалитетно

Како да ја подобрите концентрацијата

06 февруари, 00:01

Вниманието и концентрацијата се тесно поврзани со секојдневните работни обврски и учењето. За успешно завршена работа потребна е посветеност, но и концентрација.

Следете ги нашите совети и не дозволувајте секојдневните проблеми или неорганизираноста да ви попречат во работата. 

 

 

Направете план на работа

Работењето на повеќе различни задачи ќе ви го одзема вниманието и ќе предизвика конфузност. Направете план на што и кога ќе работите, па цело внимание насочете го на една конкретна задача, заборавајќи на сè останато.

Ослободете се од грижите

Обидете се да не размислувате за секојдневните грижи додека работите. Ако не успевате во тоа и низ главата постојано ви поминуваат мисли за проблемите, запишете ги на парче хартија и кажете си себеси дека подоцна ќе се посветите на размислување и решавање на проблемите.

Избегнете ги нештата кои може да ве деконцентрираат

Организирајте го работното место, тргнете ги на страна сите нешта кои не ви се потребни и би можеле да ви сметаат во работата, исклучете го мобилниот телефон, едноставно изолирајте се од околината и посветете се на работата.

Спијте 7 до 8 часа

Сонот е тесно поврзан со концентрацијата. Ако сте одморени и наспани, полесно ќе ги совладате работните задачи и ќе имате повеќе енергија.

Правете кратки паузи

Кога ќе почувствувате дека концентрацијата ви опаѓа, направете кратка пауза за да си ја вратите енергијата и малку да се одморите. Добро е да направите и неколку физички вежби кои ќе ја поттикнат циркулацијата, а самото тоа ќе допринесе за подобра меморија и концентрација.

Јадете храна која ја подобрува концентрацијата

Научно е докажано дека одредени видови храна во голема мера ја подобруваат човековата меморија и концентрација. Јадете што повеќе риба, боровинки, темно чоколадо, зелен лиснат зеленчук, овошје и зрнеста храна.

Медитирајте

Медитацијата е еден од најдобрите начини за подобрување на концентрацијата. Научете неколку едноставни техники на медитација и практикувајте ги барем 5 минути секој ден.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3074 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус