Убави нешта

Холандија – земјата на лалињата

26 февруари, 08:40

Холандија, земјата која е светски позната по одгледувањето на лалето, секоја година од март до мај се трансформира во разнобојно виножито, се преобразува во неверојатно убаво море од бои. 

Благодарение на лалињата кои се одгледуваат со голема нежност, љубов и внимание, со право може да се каже дека Холандија е земјата на лалињата.

Истражувањата кажуваат дека првото лале било закопано на холандската почва во далечната 1593 година и од тогаш непрекинато се негува и одгледува.

Лалето е национално обележје на Холандија и се одгледува насекаде низ земјата, во сите можни бои.

Уживајте во убавината и разнобојноста на лалињата низ преубавите фотографии кои се направени од фотографот Bruxelles5.

 

 

 

 

 

 

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6370 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус