За неа

Што момчињата најпрво забележуваат кај девојките?

04 јуни, 09:00

Вкусот за девојки кај секое момче е различен.
На едни момчиња важен им е физичкиот изглед кај девојките, на други важна им е насмевката, на трети нешто друго и се така со ред.

Од вкусот на момчињата и од тоа што им е најважно, зависи и што најпрво забележуваат кај девојките.

Ако до сега припадничките на понежниот пол мислеле дека физичкиот изглед е пресуден за да бидат забележани од љубопитните очи на посилниот пол, сега веќе не е така.

Поголемиот број момчиња кога ќе забележат некоја атрактивна девојка, веднаш проверуваат дали таа девојка ги има оние квалитети и карактеристики кои нив им се важни.

Повторно ќе споменеме дека вкусот и листата со приоритети се различни од момче до момче, но овие осум работи се заеднички кај повеќето од нив. 
Нив можат да ги прочитаат момчињата и да си потврдат самите на себеси што е најважното нешто што треба да го поседува одредена девојка за да му се допадне, а можат да ги прочитаат и девојките и да посветат поголемо внимание на нив ако во блиска иднина сакаат да освојат некое машко срце.

Што момчињата најпрво забележуваат кај девојките?


- Коса - од секогаш косата е првото нешто што го забележуваат момците. Густата коса остава впечаток кај нив дека девојката е во добра здравствена состојба.
Исто чувство предизвикува и густата коса богата со локни. 
Девојки, внимавајте и негувајте ја вашата коса и направете ја да изгледа примамливо и привлечно.


- Насмевка - поголемиот број момчиња внимаваат како се смеат жените. Имаат способност преку насмевката да дознаат дали жените се опуштени. Затоа девојки пробајте да се смеете искрено и од срце за да оставите добар впечаток во машките очи.


- Пријателки - бројот на пријателки со кои се излезени девојките игра голема улога во воспоставувањето на некаков однос. На момчињата им е потешко да стапат во контакт со девојка која е излезена со поголем број на пријателки. Идеално би било ако девојката е со две нејзини другарки, кои би можеле заедно да си разговараат, додека таа разговара и воспоставува некаков однос со момчето.


- Боја на гласот - момчињата повеќе ги привлекуваат девојки кои разговараат со повисок тон и имаат повисок глас. Таквиот глас кај нив остава впечаток дека девојките се млади и сигурни во себе и во она што сакаат да го направат во животот.


- Половина - големината на струкот и половината оставаат силен впечаток кај момчињата. Колку половината и струкот кај девојките се помали од ширината на колковите, толку се поголеми и шансите да бидат повеќе забележани. 


- Боја на кожата - момчињата повеќе сакаат девојки кои имаат природно бронзен тен на нивната кожа. Ова не значи дека девојките треба да претеруваат со лосионите за само потемнување на кожата, со цел да им бидат привлечни на момчињата, туку значи дека девојките треба да внимаваат на исхраната и здравиот начин на живот за да имаат убава и здрава кожа.


- Вештачки додатоци - момчињата имаат способност да ги забележат вештачките трепки, вештачки надградената коса, вештачки надградените нокти и слични работи кои не им се баш омилени. Затоа ако девојките сакаат да привлечат внимание најдобро е да ги избегнуваат нив.


- Очи - кога прв пат ќе сретнете некоја личност, најпрво се гледате во нејзините очи. Очите се тие кои зборуваат многу за вас како личност. Момчињата сакаат девојки кои не ставаат премногу шминка на нивните очи. 


Девојки бидете природни, спонтани и едноставни, бидејќи само така ќе оставите добар и силен впечаток и ќе освоите некое машко срце.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4413 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус