Животен стил, Кујна, Рецепти

Зачинети кругови од компири

09 август, 06:41

Одличен додаток за секое месо, здрава замена за помфритот кој содржи многу маснотии.

Круговите од компири се навистина вкусна и здрава храна, а подготовката е и повеќе од едноставна.

 

 

 

Состојки:
компири (количеството одредете го според потребата)
3 лажици маслиново масло (количина потребна за 2 големи компири)
1 лажица сол (количина потребна за 2 големи компири) или сол по вкус
зачини по желба (црн бибер, мешан сув зеленчук, чили, ким, рузмарин, оригано, сусам..., ставете сè што сакате).
 

Подготовка:
Излупените компири исечете ги на кругови. Ставете ги на крпа малку да се исушат. Потоа ставете ги во ќеса за замрзнување, додадете го маслото и убаво протресете за да се впие во компирите. Оставете ги малку да отстојат, додадете ги зачините и добро промешајте со рацете. Круговите компири наредете ги на хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 220°Ц, околу 15 – 20 минути. Внимавајте да не изгорат. Времето на печење зависи од дебелината на круговите.

Добар апетит!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4627 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 Мај

14 Мај

Во 1984 година во Њујорк е роден Марк Цукерберг, ко-основачот на социјалната светски позната и користена мрежа Facebook.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус