Занимливост, Интересно

Запознајте ги Bajau – необичните морски Роми од Борнео

19 февруари, 06:47

Во близина на брегот на Борнео, во мали скромни куќички поставени над кристално чистата вода живеат Bajau, посебна, необична етничка група која наликува на некои одамна изгубени племиња или на измислени јунаци од книгите за кои одамна сте читале, но не сте помислувале дека навистина постојат.

 

 

Морските Роми – како што многумина ги нарекуваат, живеат во еден од најбогатите гребени, во Коралниот Триаголник, област преполна со риби и корали позната и како „Амазон на морињата”.

Овие едноставни луѓе се хранат со рибата која секојдневно ја ловат, постојано пловејќи со нивните едноставни дрвени чамци, а особено се познати по риболовот со нуркање.

Морските Роми можат да го задржат здивот цели пет минути и да нурнат на длабочина од 20 метри, токму како измислените нуркачи на Жил Верн од „20 000 милји под морето”.

Оваа вештина ја поседуваат дури и децата, бидејќи од малечки се учат да пливаат и нуркаат.

Bajau имаат уште една неверојатна способност: нивните очи под вода гледаат 2 пати подобро од нашите, па лесно можат да ги забележат и најбрзите риби.

Никој не знае со сигурност од каде точно дошле овие луѓе, но тие со векови живеат на ист начин, поминувајќи најголем дел од својот живот во вода.

Прекрасните фотографии се дело на Adam Docker, фотограф кој ги сликаше Bajau за специјална документарна емисија посветена на судбината на Ромите ширум светот.

   

Фотографии Adam Docker


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2339 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1 Мај

1 Мај
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус