Здрави навики

Состојки за рамен стомак

15 април, 12:08

Со затоплувањето на времето и покачувањето на дневните температури, некако потсвесно почнуваме повеќе внимание да посветуваме на нашето тело. Почнуваме да применуваме поголема физичка активност, почнуваме повеќе да се движиме, а сѐ со цел да го доведеме нашето тело во добра физичка форма. 
За да успееме во ова, покрај движењето и активирањето на сите мускули на телото, многу важно е да почнеме да внимаваме на исхраната.

Стомакот е местото на кое најлесно се лепат масните наслаги кои во текот на зимата сме ги внесувале преку исхраната.
Најдобар начин за да се ослободите од масните наслаги кои се складирани на овој, за жените најважен дел од телото, е да почнете да внесувате ниско калорична храна, да го смените досегашниот начин на живот, и секако да вежбате. 

Доколку е потребно повеќе да го намалите обемот на струкот, а со тоа и на стомакот, ви препорачуваме во вашата исхрана да почнете да ги внесувате овие неколку секојдневни и едноставни состојки кои во многу голема мера ќе го започнат процесот на слабеење. Истите не само што ќе ѝ овозможат на водата навреме да се исфрла без да се задржува во организмот, истовремено ќе влијаат и на намалување на апетитот, ќе го подобрат и забрзаат метаболизмот и ќе ви даваат чувство на ситост. 

Овие се состојките кои му се верни пријатели на рамниот стомак:

  • Бадеми – изобилуваат со витамин Е, протеини и растителни влакна кои го намалуваат чувството на глад. И покрај тоа што се калорични, не допринесуваат за формирање на масни наслаги на стомакот.
  • Зелен лиснаст зеленчук – спанаќот, зелената салата и кељот треба да бидат составен дел на секој оброк бидејќи содржат влакна, витамини и минерали и имаат многу ниска калорична вредност.
  • Маслиново масло – олеинската киселина која ја има во составот на маслиновото масло допринесува за топење на масните наслаги во организмот, а полинезаситените масти го продолжуваат чувството на ситост.
  • Зелен чај – чајот му помага на телото да се ослободи од вишокот на непотребни течности и го забрзува метаболизмот. 
  • Јаболкова киселина – за детоксикација на организмот и ослободување од лошите бактерии од цревата, за ослободување од водата и токсините најдобро е во секој ваш оброк да додавате јаболкова киселина.
  • Сок од брусница – содржи големо количество на витамин Ц и е одличен диуретик.
  • Лути пиперки – му помагаат на метаболизмот побрзо да ги согори мастите од телото благодарение на бета каротинот и зголеменото количество на витамин Ц.
  • Банани – спротивно на мислењето дека ова овошје дебелее, бананата е овошје кое благодарение на цинкот, калиумот и растителните влакна многу поволно и успешно влијае на слабеењето и на топењето на масните наслаги.
  • Лубеница – содржи многу антиоксиданси и големо количество на калиум кои многу поволно влијаат на топењето на масните наслаги на стомакот.
  • Краставица – има исти особини како лубеницата бидејќи потекнуваат од истото семејство, претставуваат одличен диуретик и ја намалуваат надуеноста која се појавува во стомакот.
  • Цимет – е зачин кој го регулира нивото на шеќер во крвта со што се регулира произведувањето на инсулин во организмот, а исто така влијае и на ослободувањето на вишокот енергија која се ослободува при согорувањето на масните ќелии.
  • Ѓумбир – се користи како помош при варење на храната бидејќи има антивоспалителни и антиоксидантни својства. Во својот состав ѓумбирот содржи ензими кои помагаат побрзо да се сварат протеините во организмот.
  • Кикири – доколку се внесува една рака кикири помеѓу два оброци ќе ги намалите шансите за да се прејадете на наредниот оброк. Со внесување на умерени количини на кикири, вие во вашиот организам внесувате протеини, омега 3 масни киселини, растителни влакна и витамин Е.
  • Јогурт – ниско калоричниот јогурт ја ослободува надуеноста од стомакот благодарение на поволните бактерии кои го подобруваат варењето на храната.

 

 

 

 

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2975 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус