Животен стил, Живеј квалитетно

4 утрински ритуали за убав и позитивен ден

24 јули, 07:11

Утринските ритуали нè подготвуваат за новиот ден и предизвиците со кои секојдневно се соочуваме.

Некои навидум едноставни нешта имаат голема моќ да нè исполнат со позитивни мисли и енергија кои ќе ни го променат животот.

Ако сте подготвени да го промените својот живот на подобро, обидете се да се придржувате до овие ритуали, или барем до неколку од нив.

Слободно додадете и свој ритуал и бидете упорни. Навистина е тешко секое утро да одвоите еден час за утринските ритуали, но со тек на време тие ќе ви станат рутина и ќе уживате во нивните придобивки.

Доколку немате еден час, обидете се да издвоите барем по 5-10 минути за секој ритуал и очекувајте големи позитивни промени кои ќе ве направат подобра и посилна личност.

1 Ритуал – Утрински вежби
Сите знаеме колку се важни, а сепак ретко кој наоѓа време да вежба наутро. 15 минутни јога вежби или било кои други се неизоставен дел од патот кон здравјето, доброто расположение и позитивната енергија.

2 Ритуал – Медитација
Медитацијата ќе ве исполни со енергија и ќе ве подготви за новиот ден. Трансценденталната медитација е една од оние кои носат најмногу придобивки, но доколку не сте запознаени со овој вид медитација, само седете мирно со затворени очи и концентрирајте се на дишењето.

3 Ритуал -Благодарност
Најдете време да се заблагодарите за нештата кои ги имате. Запишете ги или гласно изговорете ги. Кога добро ќе размислите, сигурно има многу нешта за кои треба да бидете благодарни.

4 Ритуал – Афирмации
Афирмациите имаат чудесна моќ да го променат вашиот живот. Пред да започнете со секојдневните активности, гласно изговорете неколку афирмации и замислете ги нештата кои сакате да ги добиете од животот, замислете како ви се исполнуваат соништата и како ги постигнувате зацртаните цели.

Што ќе ви донесат четирите ритуали?

  • Помалку стрес
  • Поголема креативност
  • Подобро расположение
  • Мотивација
  • Склоност кон поздрава храна
  • Позитивна енергија
  • Самодоверба и исполнетост

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6530 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус