Мој предлог, Филм

„After Earth”

27 јуни, 09:00

„After Earth”  е американски, научно фантастичен, авантуристички филм во режија на M. Night Shyamalan, кој во заедничка соработка со Gary Whitta ја реализираа одлично напишаната приказна на познатиот актер Will Smith.

Приказната во филмот се однесува за несреќата која им се случи на таткото Cypher Raige, кој го игра Will Smith и синот Kitai Raige, во улога на Jaden Smith, чие што летало им се сруши при слетување на земјата, 1000 години откако катаклизмички настани го принудија човештвото на Земјата да го напушти нивниот дом и да бара дом на нова планета.

Двајцата херои остануваат заробени на земјата на која има некаков чуден живот поради природните катаклизми.
Таткото е повреден при срушувањето на бродот, па затоа синот е тој кој мора да испрати сигнал до жителите на нивната планета за да ги спасат.
Младиот Kitai Raige се бори со непознатиот терен на планетата и со потполно новите животински видови кои сега живеат на неа. 
Двајцата треба да научат да соработуваат и да си веруваат еден на друг ако сакаат да добијат некаква шанса за да бидат спасени и вратени на нивната планета.

Филмот изобилува со одлични визуелни и компјутерски ефекти и прекрасни природни предели.

Уште со првото прикажување по киносалите кое беше деновиве, доби одлични критики од познавачите на филмската уметност.

За брзо време го очекуваме да се појави и во нашите кино сали, а до тогаш погледнете го трејлерот и бидете во исчекување.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2537 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус