Мој предлог, Филм

Oblivion

22 мај, 09:17

Во идната спектакуларна и невообичаена Земја, која еволуирала веќе во нешто што е сосема ново и непознато, спротивставувањето на еден човек со минатото, лик кој го игра актерот Том Круз, ќе го однесе на патот на искушението, откривањето и борбата за спас на човештвото.

Џек Харпер (Том Круз ) е еден од последните луѓе кои се останати на старата Земја која е уништена од долгогодишна борба. 

Неговата мисија за спасување на виталните ресурси, кои во мал број се останати на старата Земја, се ближи кон крајот.

Патролира на небото и ги следи сите промени, а во една од тие патроли открива вселенски брод во кој има прекрасна и непозната млада дама (Олга Куриленко). Ова откритие ќе покрене низа настани и збиднувања, а поради околностите во кои се наоѓа главниот лик, целото човештво ќе зависи од него и од неговите способности.

Овој американски пост - апокалиптичен научно фантастичен филм е направен под директорската палка на режисерот Џозеф Козински, а во останатите улоги покрај Том Круз и Олга Куриленко се појавува и неприкосновениот, единствен и неповторлив Морган Фримен кој ја игра улогата на Малком Бич.

Филмот доби многу добри и поволни критики и со нетрпение го очекуваме да се појави и во нашите кино сали.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2527 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус