Филм

Првиот клип од филмот за Стив Џобс

25 јануари, 12:07

Биографската драма за еден од најголемите револуционери во светот на интернет технологијата, Стив Џобс, својата промоција ќе ја има на филмскиот фестивал Санденс.

Филмот, насловен како „JoBS”, во кино салите ќе започне да се прикажува на 19 април, а засега е пуштен првиот клип со една сцена од филмот, во која е прикажана возбудата на Џобс од најновиот проект на кој работи неговиот соработник Стив Возниак, наречен Оперативен систем.

Мислењата околу изборот на Ештон Качер за улогата на Стив Џобс се поделени, многумина сметаат дека Ештон не е најдобриот избор, па останува на времето да покаже дали актерот достојно го претставил генијалецот кој направи вистинска револуција во светот на интернет технологијата.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1932 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус