Филм

The Bourne Legacy

14 март, 06:44

Арон Крос е еден од шесте агенти кои се вклучени во програмата „Outcome” која ја користи министерството за одбрана. 
Убиjците како него се обучени за изолирани и долготрајни извршувања на задачите кои се со многу голем ризик, односно се ризични по нивните животи.

После рaзоткривањето на Борн во контрoверзната програма „Treadstone” и програмата „Outcome”  е пред многу голем ризик и постои шанса и таа да биде разоткриена. 

Пензионираниот полковник Ерик Баер кој стои позади сите вакви тајни проекти одлучува да го жртвува проектот „Outcome”  и да ги елиминира и уништи сите кои се вклучени во проектот, вклучувајќи ги и учесниците и истражувачите ...

Ликот на Џејсон Борн кој го играше Мет Дејмон не се појавува во овој последен дел, така одлучил режисeрот, но сепак неговото име и слика се спомнуваат неколку пати во текот на филмот. 

Режијата на овој одличен трилер е на Тони Гилроу, а во актерската екипа се појавуваат: Џереми Ренер, Рејчел Вајс, Едвард Нортон, Дона Марфи и други. 

Немојте да пропуштите да го погледнете овој одличен трилер кој многу успешно ја надополнува приказната на претходните три дела: Bourne Identity, Bourne Supremacy и Bourne Ultimatum. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1917 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус