Филм

The Host – романтична научна фантастика

05 октомври, 06:11

Љубителите на научна фантастика сигурно ќе уживаат во романтичната приказна снимена според истоимениот роман на Стефани Маер, авторката на Twilight, сагата за вампирите.

Романот „The Host” цели 26 недели беше на врвот на најпродавани книги на листата на Тајмс, а годинава е пренесен и на големото платно.

„The Host” е приказна за Душите, вонземјани кои доаѓаат на Земјата, земајќи ги телата на луѓето како свои домаќини.
Човечката раса полека исчезнува, остануваат само малкумина кои се кријат од Трагачите – Души кои ги бараат последните човечки суштества на Планетата.
Кога Мелани ќе стане домаќин на една таква Душа, наречена Скитничка, започнува борбата на двете души кои мора да живеат во едно тело.

Приказната нè учи на моќта на добрината, сочувството и искреноста, ни покажува колку е силна љубовта во ситуации кога треба да им се помогне на саканите и кои се вистинските вредности во животот.

Сцени на насилство и борба речиси и да нема, па иако станува збор за фантастика, може слободно да кажеме дека „The Host” е љубовна приказна со моќна порака за соживот, добрина и искреност, вредности кои како да исчезнуваат од нашето секојдневие.

Критиките за филмот се поделени и најчесто се негативни главно поради бавното темпо на филмот и недостатокот на акција, како и дијалогот кој главната хероина постојано го води со двете души во себе.

Сепак, нам ни остави добар впечаток, па доколку барем малку ве заинтересира приказната за Душите, погледнете го филмот и извлечете своја поука.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2730 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

4 Мај

4 Мај
Во 1903 година во Баница, згасна животот на нашиот најголем идеолог, организатор и водач на народноослободителното движење на македонскиот народ, кон крајот на 19 – от и почетокот на 20 –
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус