Здравје, Здрави навики

Мед и таан – неверојатно здрава комбинација

24 јули, 06:45

Кога ќе измешате еднакви количини на мед и таан ќе добиете неверојатно здрава храна која според вкусот потсетува на алва.

Таанот сам по себе е многу здрав и хранлив. Направен е од сусам, за чија лековитост се знае многу одамна.

Таанот содржи многу витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат холестеролот, го нормализираат крвниот притисок и помагаат при бронхијални заболувања.

Комбинацијата од мед и таан ги има истите лековити својства, помага и при кашлица, анемија, главоболки, ги чисти крвните садови, а може да се користи и како вкусен и здрав десерт.

Во тегла убаво измешајте ги таанот и медот да добиете хомогена смеса. Најдобро е да ставите иста количина од двете состојки.

Стекнете навика секојдневно да земате барем по една лажица наутро и навечер, дури и ако немате никакви здравствени проблеми. Не само што е превкусна, оваа драгоцена храна е и повеќе од здрава.

Не заборавајте на вашето утрешно мени да го ставите медот во комбинација со таан и да уживате во вкусот кој значи здравје!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 16805 пати.

Коментари [1]

Весна Пирузева Петровска

За медот и таанот знаете што може да се каже, ама неее.. може гласно да се викне ЈАДЕТЕ ГО ЛУЃЕ ОД 7 ДО 77 АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ЗДРАВИ И ДОЛГОВЕЧНИ.Не се овие шеговити или празни зборови тоа моето долго годишно искуство зборува од мене.Занимавајки се долги години со тајните на Здравата исхрана и во исто време менувајки го и сопствениот режим на исхрана ,а во текот на годините испробувајки и потврдувајки ја нутритивната вредност на некои намирници сосема слободно и со сигурност можам да потврдам дека сусамот и медот се оние намирници кои котираат многу високо на списокот на најздрави намирници.Особено ги препорачувам на децата,жените во менопауза и постарите лица.Зошто на децата, бидејки го потпомага нивниот раст и развој.На жените зошто многу добро ги балансира женските хормони кои се знае дека во менопаузата го губат својот нормален тек на лачење ина постарите затоа што го ревитализира организмот.Многу може да се зборува за користа од конзумирањето на медот со таан за што треба простор и време но ако имате малчку доблес во себе поверувајте им на моите зборови и почнете да го јадете.На почетокот ако до сега не сте го пробале треба внимателно по малку и тоа ОБАВЕЗНО на празен желудник за да може нај добро да се искористи во организмот.Ви препорачувам на сабајле бидејки е и калоричен а преку ден вие се трошите така најдобро вашиот организам ќе го искористи без да ги складира шеќерите и мастите кои ги содрши во себе.Да напоменам дека сето до сега кажано се однесува на организам при нормална здравствена состоба без постоење на некои болести како што е Дијабетиот и др.Во тој случај и тогаш може да се употреби но на поинаков начин и во поинакви дози. Се надевам Ви помогнав малку во едуцирањето во врска со употребата на едни од најздравите намирници кои во комбинација си одговараат 100%. Ви благодарам за трпението Весна Пирузева Петровска

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус