Моите рецепти - Здравје на мени

Колачи со ѓумбир

28 април, 06:17

Ѓумбирот како зачин многу благотворно дејствува на системот за варење и на одбранбениот систем, односно на вашиот имунитет. Неговиот малку лут вкус ја враќа рамнотежата на јадењата во кои доминира слаткиот вкус.

За 4 лица:
- 180 гр. путер или маргарин
- 180 гр. полубело брашно
- 80 гр. пченкарно брашно
- 70 гр. кафеав шеќер Демерара
- 2.5 кафени лажички ѓумбир во прав
- 1/3 кафена лажичка ванила во прав
- 2 прстофати сол

Подготовка:

Путерот или маргаринот на собна температура се мати со миксер сè додека не стане пенест.

Во посебен сад се мешаат полубелото брашно, пченкарното брашно, шеќерот, ѓумбирот, ванилата и солта. Во таа мешавина се додава пенестиот путер или маргарин и се меси со раце сè додека не се добие компактно тесто.

Од добиеното тесто се прави форма на долгнавест цилиндер со пречник од 5 см. Потоа се замотува во пластична фолија и се става во фрижидер да отстои 2 ч.

Рерната се загрева на 190°Ц. Тестото се вади од фрижидер и се сечи на плочки или кругови со дебелина од 5 мм. Тие плочки се редат на плех за печење на кој е ставена хартија за печење. Колачињата се печат 10 мин. Колачите се вадат од рерна  и се оставаат добро да се изладат.

Ова се оригинални крцкави чајни колачиња.

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 6455 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1 Мај

1 Мај
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус