Омекнете го стврднатиот маргарин
11 јули, 00:04
Ако месите кифлички за кои ви е потребен растопен маргарин со кој треба да го премачкате тестото за кифличките да бидат помеки, а при тоа сте заборавиле навреме да го извадите маргаринот од фрижидер да омекне, не очајувајте бидејќи решение има.
Извадете го маргаринот од фрижидерот, исечете го на неколку парчиња и парчињата ставете ги помеѓу два листа хартија за печење. Потоа со сукало или со стаклено шише поминете неколку пати преку маргаринот, кој во рекордно време ќе стане мек и ќе биде спремен за употреба.
извор: Мој Портал
автор: Jakimova Jasmina
Оваа вест е прочитана 2142 пати.
Додади коментар