Немате некоја состојка за рецепт? Еве со што може да ја замените
Наидовте на одличен рецепт, го запишувате или си го чувате во компјутер, па брзо во кујна по состојките, си го замислувате вкусот и едвај чекате да пробате, почнувате со подготовка и во еден момент сфаќате дека имате само 1 јајце, или немате прашок за печиво, потребни ви се 2 лажици јаворов сируп...
Колку пати ви се случило ова?
Честопати се случува да заборавиме на некоја состојка или да немаме доволно количество, но тоа не е пречка да подготвиме вкусна храна.
Некои состојки трпат замена и речиси воопшто не го менуваат вкусот на храната.
Доколку ви недостига некоја од следните состојки, слободно заменете ги според упатството.
За некои состојки, како што е мајонезот или шеќерот, замената е пожелна дури и кога ги имате, бидејќи состојките кои може да послужат како замена се многу поздрави.
- 1лажица густин (скроб) = 2 лажици брашно
- јаворов сируп = мед измешан со малку вода
- шеќер = мед (медот како замена за шеќер отприлика е ¾ од количеството на шеќер, на пример 100 гр. шеќер = 75 гр. мед)
- кисело млеко = павлака или јогурт (иста количина)
- 2 жолчки = 1 јајце ( за крем од ванила за торта)
- прашок за печиво = сода бикарбона (сооднос 2:1, ако во рецептот стои едно пакетче прашок за печиво од 15 грама, заменувате со 7-8 грама сода)
- лебни трошки = крекери или грисини (ставете ги во кеса и со сукалка поминете по нив да се иситнат) или иситнето парче препечен леб
- мајонез = павлака (салатите со мајонез ќе бидат многу повкусни и поздрави доколку дел од потребната количина мајонез замените со павлака)
- сок од лимета = сок од лимон
Додади коментар