Здравје, Природни лекови
Целер – борец за имунитет и здравје
Древните народи одамна знаеле за благодетите на целерот и неговата исцелителна моќ.
Денес, поради специфичниот вкус, многумина го користат ова растение како додаток во салати и супи, а за неговата вистинска вредност се знае многу малку.
Целерот е вистински борец за имунитет, содржи витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Е, К, како и железо, калциум, магнезиум и цинк.
Благодарение на неговиот состав, целерот го зајакнува имунолошкиот систем, правејќи го организмот отпорен на болести.
Коренот од целерот помага при анемија, го намалува прогресот на онколошките заболувања, помага кај бубрежни и срцеви заболувања.
Целерот е идеален за оние кои имаат брз начин на живот и не внимаваат на здравата исхрана, а помага и за намалување на телесната тежина.
Неговата лековитост доаѓа до израз при разни хормонски дисфункции (нарушувања предизвикани од менопауза, неплодност, алергии), како и во борбата против дијабетес, ревматизам и артритис.
Може да го конзумирате свеж во салати или како сок подготвен на следниот начин:
Во соковник ставете 2 дршки од целер, 1 излупена и исчистена круша и 1 излупено јаболко.
Течноста се пие 1-2 чаши дневно.
Во многу ретки случаи целерот предизвикува алергиски реакции кај поединци, а за трудници се препорачува да го конзумираат во многу мали количини.
Додади коментар