Здравје, Здрави навики
Зелениот лиснаст зеленчук создава имунолошки клетки и штити од болести
Истражувањата спроведени на Институтот за молекуларна имунологија покажаа дека зелениот лиснаст зеленчук има суштинско значење за имунолошкиот систем и борбата против туморот.
Во нашето тело се наоѓа т.н. T-bet ген, кој е од суштинско значење за создавање имунолошки клетки во стомакот. Овој ген реагира на храната која ја внесуваме, и во зависност од таа храна, создава доволно или малку имунолошки клетки.
Добриот имунолошки систем полесно се справува со болестите и го одржува телото здраво.
Истражувањата покажаа дека генот најдобро реагира на зелениот лиснаст зеленчук.
Овој зеленчук содржи низа соединенија кои ги нема во ниеден друг вид храна, а кои помагаат за намалување на воспаленијата, ги уништуваат канцерогените клетки и го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Луѓето кои често конзумираат лиснаст зеленчук имаат помал ризик за следните болести:
Мозочен удар, болести на срцето, дијабетес и висок крвен притисок.
Намален е и ризикот од одредени видови на рак, болести на очите, дигестивни проблеми, камења во бубрезите и кршливост на коските.
Природата несебично го нуди зелениот лиснаст зеленчук. Меѓу најздравите облици на оваа храна се вбројуваат блитва, штавеј, спанаќ, цвекло (листовите) и кељ.
Блитвата и штавејот ги има насекаде во природата и секој може да ги има на својата трпеза, доколку најде малку време за да си собере здрава храна.
Се приготвуваат брзо и лесно, а може да ги подготвите обарени, како додаток во салата со варени компири и кромид, како фил за зелник или пита, или од штавејот да подготвите сарми.
Блитва
Штавеј
Всушност, сите овие видови лиснаст зеленчук се најздрави доколку само кратко се обарат на пареа и се користат како салата.
Знаејќи го значењето на зелениот лиснаст зеленчук, време е да го ставите на вашето мени.
Додади коментар