Фрижидерки - чудо од колачи

15 април, 11:25

Состојки:
250 гр. шлаг пена (побарајте рефус, ако купите ќесички доаѓа многу поскапо)

1 чоколадо стопено на пареа со 2 лажици нескафе (нескафето прво растворете го со малку жешка вода, убаво да се стопи)

200 гр. потпечени сечкани ореви (може да ги замените со кикири, или да ставите помалку ореви)

1/3 маргарин

 

Подготовка:

Шлаг пената се мати со еден мал филџан вода.
Чоколадото се топи со маргаринот и нескафето, се остава да се излади, па се мати со шлагот и оревите. Смесата се остава неколку часа во фрижидер да се стегне, па се прават бомбици кои се чоколадираат.

Смесата е проблематична, многу е мека и се лепи. Доколку не може да формирате бомбици, додадете малку мелени бисквити или смесата ставете ја во силиконски калапи, претходно намачкани со чоколадо.

Не се баш едноставни за подготвување, токму поради меката смеса, но вкусот е нешто посебно, едноставно не се опишува со зборови!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 12151 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус