Занимливост, Интересно
Кула од Лего коцки за нов Гинисов рекорд
06 јуни, 12:57
Неодамна во Будимпешта беше поставен нов Гинисов рекорд за изградба на кула од Лего коцки.
Ученици и студенти од Будимпешта, во соработка со официјални претставници на Лего, ја изградија највисоката Лего кула и се запишаа во Гинисовата книга на рекорди.
Кулата е висока 34,76 метри, поставена е пред базиликата Свети Стефан, а изградбата траела четири дена.
На врвот на кулата е поставена рубикова коцка, во чест на Ерно Рубик, унгарецот кој пред 40 години ја создаде рубиковата коцка.
Претходниот рекорд за највисока Лего кула беше поставен минатата година, кога студенти од Америка изградија кула од коцки висока 34,43 метри.
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 2175 пати.
Додади коментар