Импресивна склуптура на Нелсон Мандела, најголемиот борец за мир

23 април, 00:21

Прекрасната скулптура на Нелсон Мандела е поставена по повод 50 годишнината од неговото апсење.

Во 1962, најголемиот активист за мир беше уапсен од полицијата на аперхејдот и беше осуден на доживотен затвор. После 27 години поминати во ќелија, Мандела беше ослободен.

Скулптурата наречена „Ослободување” е дело на јужноафриканскиот уметник Marco Cianfanelli.

Направена е од 50 челични столбови кои ги претставуваат 50-те години од затворањето на Мандела, но според уметникот скулптурата има и друго длабоко значење. Наредените столбови ја симболизираат важноста на солидарноста, мнозинството и моќта на луѓето кога дејствуваат како целина.

Скулптурата е масивна, а за да се види целосно лицето на Мандела треба да сте оддалечени најмалку 35 метри.

Поставена е на местото каде пред 50 години Нелсон Мандела беше уапсен.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3545 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус