Здравје, Природни лекови

Лековитите својства на пивскиот квасец

29 јуни, 16:59

Пивскиот квасец е познат како лек за сите болести.

Благодарение на протеините кои ги има најмногу во неговиот состав и кои се слични на протеините кои потекнуваат од животинско потекло, како и на железото, олигоелементите и витамините, особено витамините од В групата, пивскиот квасец помага за зачувување на здравјето на поголем број на органи како џигерот, очите и кожата.

Многу поволно влијае и на одржување на рамнотежата на цревната флора, спречува појава на мачнини, помага за побрзо варење на внесената храна, помага за намалување на телесната тежина, го отстранува уморот и помага за намалување на акните кои се појавуваат на лицето.

Исто така неучно и медицински е докажано неговото дејство во борбата со дијабетесот, помага да се нормализира работата на органите за варење, лечи чир на желудникот, помага кај воспалена слузокожа на желудникот и овозможува редовно празнење на цревата, со што спречува настанување на запек.

Најдобро е да се користи кога е во сува состојба, бидејќи на тој начин организмот во целост од него ги искористува хранливите и лековити состојки. 

Се раствора во вода и се пие непосредно пред или после главниот оброк.

Дневната дозволена доза е помеѓу 6 и 10 грама, кои треба да бидат поделени во три еднакви делови.

Не е препорачливо да се консумира во свежа состојба бидејќи има горчлив вкус и брзо се расипува.
Ако се внеси свеж многу брзо од организмот ги апсорбира витамините од Б групата кои се внесени преку храната, бидејќи му се потребни за  брзо размножување. На овој начин организмот има недостаток од овие витамини и други хранливи состојки од храната.

Најдобро е сувиот пивски квасец да се зема барем два пати во текот на една година, во траење од два месеци, бидејќи тоа е потребното време за да дојдат до израз неговите лековите својства.

Доколку страдате од некои од погоре спомнатите болести, препорачано е да се зема два пати во текот на денот, додека не се забележи подобрување. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3938 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус