Моите рецепти - Здравје на мени

Енергетски плочки за секој дел од денот

15 мај, 12:03

УТРО - ПОЈАДОК - ДОБРА И ЗДРАВА ЕНЕРГИЈA
РУЧЕК - ДЕСЕРТ - ПОСЛЕ ДОБАР РУЧЕК ЗДРАВ И ДОБАР ДЕСЕРТ
ВЕЧЕРА - ЗА ДОБАР СОН          
 
Многу е подобро да можете да си направите енергетски плочки сами отколку да ги купувате, бидејќи во тие што ќе ги купите многу често има додатоци кои за жал вашиот желудник не ги поднесува добро, па може да ви прават некои несакани тешкотии.

И да не биде така, што значи да немате никакви нетолеранции на некои состојки, сепак оние енергетски плочки кои ги купувате можат во себе да содржат повеќе шеќер или маснотии.

Кога вие дома сами си ги правите не им ставате додатоци за одржување или било што друго.

Ова е еден многу лесен и вкусен рецепт за здрави и крцкави, вкусни и слатки енергетски плочки за кои вреди да се потроши малку од вашето време.

ЕНЕРГЕТСКИ ПЛОЧКИ СО СУСАМ

Потребен материјал:
2 шолји сусам
1 шолја суво грозје
4 1/2 шолји кокосово брашно
½ шолја ленено семе
½ шолја сусамов таан
¼ шолја кокосово масло
1/3 шолја јаворов сируп или 2 супени лажици малтекс
1 кафена лажичка чист екстракт од ванила
1 кафена лажичка морска сол

Приготвување:
Сите состојки се ставаат во сад каде се мешаат со лажица. Откако добро ќе се спојат, добиената смеса се става на тава со рамно дно, добро се рамни и се притиска за да биде со дебелина од 5 мм. Се покрива со проѕирна фолија и се остава во фрижидер најмалку еден час и потоа се сечи на правоаголници со должина 8см. Вака направените енергетски плочки се држат во фрижидер повеќе денови .
Можете да ги јадете во било кое време од денот па дури и во вечерните часови, особено ако малтексот го замените со мед затоа што медот дејствува смирувачки на вашиот нервен систем, ве релаксира и ве води кон пријатен и лесен сон.

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 5177 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус