Најубавата детска книжарница во светот

08 август, 00:10

Детскиот свет е посебен, богат со искреност, љубопитност и имагинација.

Кога на едно дете ќе му се овозможи да ја развива својата фантазија, да ја задоволи љубопитноста и да влезе во светот на книгите на еден забавен и ненапорен начин, не можеме ни да замислиме што сè ќе се случува во неговиот детски свет.

Книжарницата „Kid’s Republic Bookstore” во Пекинг е создадена токму за таа намена. Осмислена како место каде децата може да уживаат во книгите од целиот свет, но и да се забавуваат, да си играат или заедно да им се воодушевуваат на илустрациите од детските книги, книжарницата претставува вистински мал рај за најмалите, бајковито место наменето за едукација и уживање.

Двоспратната бајковита книжарница е проткаена со боите на виножитото, а малите отвори симпатично распоредени низ полиците со книги претставуваат катчиња каде децата, па и нивните родители, може удобно да се сместат и да прочитаат некоја книга.

Можете ли да замислите подобар начин за влегување во светот на книгите?

Најубавата детска книжарница во светот, книжарница, библиотека, книги, виножито, knizarnica, vinozito, knigi

автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3022 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус