Рецепти

Домашно лепче

18 мај, 05:45

За сите оние кои имаат имендени и домашни слави, а притоа си креваат лепче во црква, еве предлог како сами да си направите домашно лепче.

Зошто да правите кога може да си купите литургија?

Бидејќи задоволството да го направите сами е навистина огромно!

 

 

Подготовка:

Од брашно, надојден квасец, вода и малку сол измесете меко тесто. За количината на брашно проценете сами. Доколку сакате да добиете поголемо лепче, со големина на погача, ставете околу 1 кгр. брашно, а за помало лепче кое ќе го печете во тенџерче ставете околу ½ кгр. брашно.

Тестото поделете го на 5-6 делови, секој дел исучете го во мала кора, намачкајте го масло и редете ги еден врз друг. Најгорната кора не ја мачкајте.

Садот во кој ќе печете убаво намачкајте го со масло, а од тестото направете тркалезна кора, која ќе биде поголема за околу 1-2 прсти од дното на садот. Внимателно ставете го садот врз кората и засечете со нож движејќи се по садот. На тој начин ќе добиете круг голем колку дното на садот.

Тестото ставете го во садот, па зесечете го во форма на крст, а потоа засечете уште 2 пати помеѓу засеците на крстот, да добиете 8 еднакви делови. Внимавајте да не сечете до крајот на садот. Сечете 2 прсти повнатре од работ на садот. Секој од засеците свиткајте го нанадвор, кон работ на садот и со ножот малку притиснете го врвот на секој засек, убаво да се спои тестото.

Од тестото кое ви остана кога сековте круг направете мало топче, а од останатото тесто сплетете плетенка. Во празниот средишен дел од садот ставете ја плетенката, а во самата средина топчето.

Оставете си малку тесто за да направите крст или други декорации по желба.

Оставете да надојде и печете го лепчето на температура на која обично печете кифли или погача.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 15861 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус