Слатки бомбици со банана

26 јули, 00:08

Благите колачи кои се во форма на бомбици се најлесни за подготовка затоа што не одземаат многу време и не бараат некои посебни калапи за благи. 
Рацете се најдобиот калап за ваквите колачи

Денешниот наш предлог рецепт за слатки бомбици е малку поинаков рецепт од оние рецепти на кои сме навикнати, бидејќи и вкусот на бомбиците е поразличен од вообичаено.
Вкусот на бананата е таа која го прави овој рецепт неверојатно привлечен и поинаков од сите останати. 
Бананата на бомбиците им дава посебна мекост благодарение на која бомбиците едноставно се топат во устата, а вкусот верувајте ми е неодолливо привлечен и посебно убав

Ако до сега не сте имале можност да вкусите бомбици со банана на вкус, тогаш најискрено ви го препорачувам рецептот, подгответе ги и уверете се во моите зборови.  

Потребни состојки:
2 зрели банани
150 гр. маргарин
150 гр. шеќер во прав
300 гр. мелени бисквити
100 гр. мелени ореви

Подготовка:
Бананите се лупат, се ставаат во сад и убаво се пасираат со вилушка.
Маргаринот се мати во друг длабок сад додка да стане пенест и постепено во него се додава шеќерот во прав. Смесата повторно убаво се мати со миксер додека да стане хомогена. Потоа се додаваат мелените бисквити и мелените ореви и на крајот се додаваат пасираните банани. Смесата се меша со лажица, ако има потреба се става да отстои во фрижидер за малку да се стегни и се прават бомбици со големина на орев кои потоа може но и не мора да се испрпелкаат во мелени ореви. Бомбиците се ставаат во кмижни корпиња и се сервираат

.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 13474 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус