Убава наша

Белото Езеро на Шара – чудо на природата

19 јули, 06:33

Сместена во северозападниот дел на македонската земја, меѓу најголемите и највисоките планини во нејзините граници, Шар Планина крие извонредни природни богатства. Од десетиците планински глацијални езера ви го претставуваме бистрото Бело Езеро. 

На 2 280 метри надморска височина, Белото Езеро се протега на површина од 18 илјади метри квадратни. Негова главна карактеристика е кристално чистата вода во текот на целата година. 

Чистиот воздух, свежите температури и прекрасната глетка се причина плус да го посетите ова прекрасно место на нашата земја. 
Подгответе се за еден поинаков одмор и тргнете во потрага по природното богатство на Шар Планина наречено Бело Езеро.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6345 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 април

14 април

На денешен ден се навршуваат 17 години од смртта на Видое Подгорец, еден од најплодните македонски писатели, поет, романсиер, патописец и раскажувач.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус