За неа

Како до здрава и убава кожа

01 јуни, 05:17

Секојдневната грижа и правилната нега на кожата ќе ви помогнат да го забавите процесот на стареење и да имате убава и здрава кожа.

Покрај задолжителните здрави навики: редовен сон, физички вежби, доволно количество на вода и внесување на потребното количество витамин Ц, треба да стекнете и навика на негување на кожата.

Нашите едноставни совети ќе ви помогнат да останете млади и убави, но, не заборавајте, внатрешната убавина е онаа која е навистина важна и трајна.

Чисто лице
Миењето на лицето наутро е сосема вообичаено. Но, во текот на денот, дури и ако воопшто не сте ставиле шминка, лицето подлежи на многу бактерии кои се насобираат во порите.
Стекнете навика лицето да го измиете во текот на денот, а особено пред спиење. Не дозволувајте да легнувате со остатоци од шминка на лицето, а мијте го дури и ако не сте ставиле шминка во текот на денот. Чистите пори се чекор кон здрава, убава и млада кожа.

Кремови за лице со заштитен фактор
Кожата е чувствителен орган, а лицето е особено чувствително на надворешните влијанија. Не излегувајте од дома без да нанесете крем со заштитен фактор кој ќе ја заштити кожата на лицето и ќе го намали појавувањето на брчките.

Крем за кожата околу очите
Најчувствителниот дел од лицето е кожата околу очите. Во пределот околу очите кожата е најтенка и има многу помали пори, за разлика од кожата на останатиот дел од лицето. Кремовите наменети за нега на кожата околу очите се наменети токму за тие мали пори кои не би можеле доволно да ги апсорбираат обичните кремови.
Иако се релативно скапи, кремовите за околу очите се нанесуваат во сосема мала количина, па кремот ќе ви трае подолго време.

Ноќен крем
Користењето на ноќен крем за лице е еден од најважните начини да ја зачувате кожата. Додека спиеме нашата кожа се обновува, па легнувањето со чисто лице на кое сме нанеле ноќен крем ќе помогне во правилното обновување на кожата.
Доколку купувањето на овие кремови ви претставува проблем (повторно поради нивната цена), ставајте сосема мала количина крем за да ви трае подолго време.

Лосион за тело
Кожата на телото брзо се суши, а со самото тоа се намалува нејзината способност за обновување. Всушност, кожата многу потешко се обновува со текот на годините, па редовното користење на млеко или лосион за тело ќе го забават процесот на стареење, а и ќе го поттикнат обновувањето на кожата. Редовното користење на лосион за тело помага и за намалување на стриите, особено ако се користи уште во периодот на растење, кога поради нагло извишување или промена на телесната тежина, на кожата се појавуваат стрии.

Негата на кожата е важна не само заради убавината, таа и онака е минлива. Не заборавајте дека кожата е дел од нашето тело, а правилната нега е дел од нашето здравје.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4285 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус