За неа
Магијата на венчаниците
Совршената венчаница е сон на секоја девојка. Овој посебен фустан кој се облекува еднаш во животот има некаква посебна магија која се пренесува на девојката која го носи.
Кога венчаниците се во прашање, не постојат правила и модни трендови. Сè е дозволено и потчинето на вкусот на сопственичката на оваа свадбена тоалета.
Белата боја е синоним за венчаница, но дури и ова непишано правило полека се брише. Сè повеќе девојки своите венчаници ги украсуваат со детали во друга боја, а некои се одлучуваат и за венчаница со нежна пастелна боја.
Долги, припиени, нежни, пердувести, едноставни или раскошни, венчаниците едноставно предизвикуваат воодушевување и асоцираат на нежност, женственост и убавина.
Само за ваше задоволство издвоивме некои од најубавите венчаници на познатите дизајнери. Некои од нив се класични, но некои навистина отскокнуваат со својот раскош и необичните бои и детали, и да, црвените и жолти фустани кои ќе ги видите се креирани токму за венчаници!
Можеби вашата свадба поминала, но тоа не е причина да не уживате во магијата и раскошот на венчаниците.
Додади коментар