Живеј квалитетно

Дали Македонија го доби новиот визионер?

20 август, 07:11

Многу ретко во историјата на човештвото се раѓаат луѓе со мисија, визионери кои дошле на овој свет за да направат промена, да остават белег, да помогнат и да го направат поубав светот во кој живееме.

Нивниот пат не е секогаш лесен бидејќи човештвото честопати не е подготвено за промени, но визијата на овие хумани револуционери секогаш го наоѓа патот до оние со отворен ум, до луѓето кои сакаат да научат, да се обидат, да променат нешто на подобро...


Дали Македонија го доби новиот визионер?

Можеби одговорот се крие во радиоемисијата Анти Емисија која пред еден месец се емитуваше на битолското радио 106-ка, каде гостуваше Владимир Јакимов, менаџер на Асидус, софтверска компанија која се води од една прекрасна визија, визија која инспирира, мотивира и поттикнува на размислување.

Визија на Владимир и начинот на кој размислува се пат до еден поубав свет за сите нас.

Отворете ги срцето и душата и најдете време да слушнете што овој млад човек има да ви каже. А има да каже толку многу...

Анти Емисијата може да ја слушнете на следниот линк http://www36.zippyshare.com/v/68160857/file.html

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2540 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус