Животен стил

На природен начин до кожа без целулит!

20 март, 08:23

Нерамната т.н. портокалова кожа која најчесто се јавува на бутовите, нозете и задникот, на многу жени и девојки им ја намалува самодовербата и ги принудува да го кријат своето тело.

Иако не може трајно да се отстрани,  неколку состојки може да ви помогнат да го намалите целулитот и да имате убава кожа со мазен и здрав изглед.

Без скапи третмани и креми, со малку повеќе упорност и неколку производи кои ги имате дома, може да направите вистинска револуција во борбата против целулитот.

За што и да се одлучите, најважно е третманите да ги правите редовно, најмалку три пати неделно.

Домашен лосион со кафе

Кафето се покажа како одличен непријател на целулитот. Во соодветен сад ставете дел од вашиот лосион за тело, додадете мелено кафе и убаво промешајте. Од оваа смеса нанесете на местата каде имате целулит и правете масажа со кружни движења. По масажата, исплакнете со топла вода.

Напомена: Кафето брзо се суши и паѓа од кожата, па најдобро е третманите да ги правите во бањата.


Кафе и кафеав шеќер

Промешајте ½ шолја мелено кафе со ¼ шолја кафеав шеќер.
Со маслиново масло намачкајте ги местата со целулит, потоа земете од смесата со кафе и шеќер и масирајте со кружни движења.


Јаболкова киселина

Покрај својствата кои поволно влијаат на здравјето, јаболковата киселина е одличен борец против целулитот. Изберете орална употреба или лосион за масажа.

За орална употреба
2 лажици јаболкова киселина измешајте со 2 дл. вода и пијте ја течноста секое утро. По желба додадете малку мед.  

Лосион од јаболкова киселина
Измешајте 3 дела јаболкова киселина со еден дел масло за масажа (ако ставите 300 мл. киселина, додадете 100 мл. масло).
Масирајте ја кожата два пати дневно.


Време е за тело без целулит!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4664 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус