Здравје, Здрави навики

Зошто е здраво да се биде гладен?

15 март, 07:32

Да се биде гладен не значи дека треба да се гладува и изгладнува по секоја цена.
Гладувањето треба да се сфати како метода чија примена ќе доведе до подобро и поправилно хранење, а храната ќе добие подобар вкус. 

Доколку во текот на денот не внесуваме никакви непотребни грицки помеѓу оброците, како чипс, смоки, колачи и друго, нашиот организам подолго време ќе ја обработува храната која сме ја внесле со претходниот оброк, убаво ќе ја преработи и ќе го подготви организмот за наредниот оброк. Вака подготвениот организам поубаво и поправилно ќе го преработи наредниот оброк. 

Со грицкањето помеѓу оброците не му се дава можност на организмот да огладни и самиот да ви даде сигнал дека е подготвен за внесување на нареден оброк, туку само се внесува непотребна храна која најчесто е главна причина за дебелеење.
 
Зошто треба гладот да се прифати како најнормална работа во секојдневниот живот ?
 
Гладот ни овозможува да уживаме во храната – доколку сакаме храната која ја внесуваме во организмот да биде навистина добра и вкусна потребно е пред да седнеме да јадеме да бидеме навистина гладни. Оваа состојба на вистински глад се добива со повремени и поголеми паузи помеѓу оброците.
 
Гладувањето кај децата ја намалува нивната пребирливост на храна – доколку на децата им оставате доволно простор и време помеѓу два оброци, без при тоа да ги залажувате со грицки, сами ќе побараат да јадат бидејќи ќе бидат доволно гладни. На овој начин, поради гладот кој ќе го чувствуваат ќе бидат спремни да пробаат најразновидна храна и храна која порано не сакале да ја пробаат. 
Овој е корисен начин за внесување на разновидна исхрана во организмот.
 
Јадење без да се почувствува глад значи дека се претерува – внесувањето на храна во организмот без за тоа да чувствувате потреба е показател дека неправилно се храните. Доколку не можете да се раководите по овој принцип за хранење, пробајте да се храните по концептот наречен „Скала на гладот”. 
Што треба да правите?
Внесете храна во организмот кога ќе забележите дека малку или пријатно сте гладни (ова не значи дека треба да изгладнете) и престанете да јадете кога сте веќе донекаде сити (но не и кога веќе сте прејадени).

Со овој едноставен метод на исхрана ќе ги решите сите проблеми кои се поврзани со храна, прејадување, прегладнување и прескокнување на оброци, а со тоа ќе му овозможите на вашиот организам правилно и без никакви проблеми да ја преработува внесената храна.

И за крај престанете да јадете кога само ќе помислите на јадење, почекајте да почувствувате глад, вистинска глад, па дури потоа седнете да јадете, бидејќи храната и правилното внесување на храна во организмот се лек. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2498 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус