Занимливост, Мистерии

Мистериjата на бродовите - духови

23 јули, 06:41

Некои ги нарекуваат бродови – духови, за некои се проколнати, за други пак претставуваат обични бродови на кои се случила некаква несреќа. Сите овие бродови се обвиени со мистерија и иако има претпоставки што се случило со нивните екипажи, мистеријата останува до ден денес.

Не е необично и мистериозно бродовите да потонат, да бидат погодени од силна бура, да се оштетат, екипажот да се удави и слично, но кога ќе најдете потполно исправен брод на кој нема никакви знаци од несреќа, каде сè е на своето место, а екипажот го нема, тогаш мистеријата стапува на сцена.

Ова се само дел од мистериозните бродови кои кријат тајни до кои е тешко да се дојде. 

High Aim 6
Тајванскиот брод беше пронајден во австралиски води во 2003 година. Бродот имаше гориво, немаше знаци на борба, сите лични предмети на екипажот беа недопрени. Недостигаа само членовите на екипажот. Десет дена по наоѓањето на бродот, во Индонезија беа регистрирани повици од личниот телефон на исчезнатиот инженер на бродот.
Истрагата доведе до пронаоѓање на еден член на екипажот кој тврдеше дека капетанот и инженерот биле убиени, а екипажот се вратил дома, но неговата приказна никогаш не беше докажана, а екипажот не беше пронајден.

Bel Amica
Кога во 2006 година италијанската крајбрежна стража го пронајде напуштениот брод Bel Amica, глетката укажуваше на сцена од еден од најмистериозните  бродови -  Мери Селест.
Бродот не беше оштетен, содржеше француски мапи на морињата од Северна Африка, половично изеден оброк од египетска храна и знаме на Луксембург. Сè беше на свое место, освен членовите на екипажот. Бродот не беше регистриран во ниедна земја, па некое време властите сметаа дека е стар антички брод. Подоцна се откри дека овој брод му припаѓал на човек од Луксембург, но тоа воопшто не ја разреши мистеријата. Колкумина биле на бродот и што се случило со нив засекогаш ќе остане тајна.

Kaz II
На 15 април, 2007 година, тројца мажи заминаа на пловидба со јахтата Kaz II покрај брегот на Австралија. Три дена подоцна јахтата се појави кај Големиот корален гребен. На прв поглед немаше ништо необично. Појасите за спасување беа на своето место, на масата стоеше вклучен лаптоп, сите системи на бродот функционираа совршено. Единствено недостигаа тројцата патници, кои и денес не се пронајдени.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2438 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус